Санација на патот од штипското село Чардаклија до кружниот тек кај населбата „ Железничка“
Екипите на ЈП „Македонија пат“ од денеска почнаа со санацијата на патот од кружниот тек кај населбата Железничка до штипското село Чардаклија во должина од околу три километри.
Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев кој денеска беше на лице место вели дека санацијата на оваа делница е од големо значење не само за граѓаните на Штип, туку и за сите граѓаните од општините од источниот регион, бидејќи токму преку овој пат влегуваат и излегуваат од градот Штип.
- Овој пат ќе се прави во две фази, целата финасиска конструкција е од ЈП за државни патишта, за што ние сме крајно благодарни. Се надеваме дека за неколку дена ќе се заврши првата фаза, а напролет ќе се стави вториот слој од асфалтот. Значи оваа сообраќајница е крвотокот на индустрискиот дел на нашиот град, беше запоставена и 30 години немаше никаква интервенција, а сега со несебична подршка од Владата и од ЈП „Македонија пат“ за кратко време ќе биде асфалтирана, изјави Захариев.
Тој додаде дека целиот проект ќе чини 15 милиони денари, а во првата фаза се обезбедени околу 600 тони асфалт.
Штипскиот градоначалник истакна дека влезовите во градот Штип од сите страни се санирани, а локалната власт во текот на оваа градежна сезона од буџетот на општината, но и од Агенцијата за рурален развој реализираше над 40 проекти од областа на инфраструктурата.
- Во населбата Три чешми во моментов се асфалтираат пет улици кои што воопшто не биле асфалтирани, таму ќе завршиме до недела, по што се враќаме на улицата „Вардарска“, по што се префрлуваме во населбите „Света Недела“ и „Дузлачки рид“, тоа е населба која на диво е изградена, каде што улиците воопшто немаат асфалт, инфраструктура, вели Захариев.
Тој истакна дека во 2016 година со финасиската поддршка која се добива од Владата и од Агенцијата за рурален развој, но и со средствата од буџетот нема да има место во општина Штип, кое ќе нема асфалт, сите населени места и села ќе имаат патна инфраструктура.
Ново на Сител
-
УНИЦЕФ: На 26.000 деца во Појасот Газа им е потребно лекување од акутна неухранетост
-
Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство, знае дека не можат да бидат обвинети
-
Трамп: Ја сакам Украина, но земјата е во сериозна неволја
-
ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите
-
Агресивно се однесувал кон полициски службеници, приведен 50-годишник
-
СВР Велес попладнево со нови информации во врска со двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Приведен 47-годишник, при претрес пронајдени стебла канабис | ФОТО
-
Почина холивудската икона Роберт Редфорд