Санација на главниот испусен вентил на акумулацијата Калиманци
Водостопанство „Брегалница“ од Кочани по завршувањето на наводнителната сезона презема актривности за санација на постројките на акумулацијата Калиманци, посебно во делот на главниот испусен вентил за вода.
Директорот на претпријатието Николчо Гоцев во изјавата за МИА истакна дека непосредно по завршувањето на наводнителната сезона и престанокот на испустот на вода од главниот испусен вентил, направена е проверка на исправноста на косата пруга и испусниот вентил за нивно понатамошно користење.
- Преставници од Машинскиот факултет од Скопје заедно со стручни лица од претпријатието извршија детална проверка на косата пруга и главниот испусен вентил на браната при што констатираа дека е потребна итна репарација, како и да се изврши нивно пескарење и фарбање, изјави Гоцев.
Како Водостопанство „Брегалница“, кое стопанисува до Хидросистемот во источниот регион, истакнува Гоцев, ќе вложиме напори да ја провериме целосно деталната каналска мрежа долга над 120 километри, за до крајот на годината да ја санираме, со што подготвени ќе стартуваме во наредната наводнителна сезона.
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот