-->
-->
Сампаоли промовиран во нов селектор на Аргентина
-->
Аргентинскиот фудбалски сојуз го претстави Хорхе Сампаоли како нов селектор на националниот тим. Досегашниот тренер на Севиља потпиша петгодишен договор со „гаучосите“.
- Ми се оствари сонот. Отсекогаш мечтаев да бидам селектор на Аргентина. Потпишав договор до Светското првенство 2022 година. Верувам дека можеме да направиме добри резултати и да го израдуваме народот на Аргентина, изјави Сампаоли на неговата промоција.
Тој првиот натпревар на селекторското место ќе го има на 9 јуни з акога е закажан пријателски меч со Бразил на неутрален терен во Мелбурн, Австралија.
Првиот предизвик Сампаоли во квалификациите за СП 2018 ќе го има на 31 август против Уругвај.
Аргентина се наоѓа на 5.место во јужноамериканските квалификации и се бори да обезбеди директен пласман на Мундијалот во Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петровиќ повеќе не е тренер на Пелистер
-
Тројца повредени во верижниот судар синоќа на Скопската обиколница кај Смилковското езеро
-
Делови од Ѓорче Петров, Сарај и Зелениково без струја
-
Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас во посета на Куманово
-
Писториус: Можно е Русија во 2029 - 2030 година да нападне земја-членка на НАТО
-
Трамп го избра Шон Каран да биде новиот директор на Тајната служба
-
Пентагон ќе распореди дополнителни 1.500 војници на границата со Мексико
-
Променливо облачно, до 14 степени