Македонија
25. February 2017 - 9:16

Самостојна изложба на македонскиот уметник Сали Ертунч

Изложба на цртежи на македонскиот уметник Сали Ертунч насловена „Политички коректни“ од денеска до 11 март ќе биде поставена во Галерија 7 во Скопје.

Станува збор за 20 репетитивни портрети во кои, како што се наведува во најавата, фокусот е ставен врз генерацијата млади кои што веруваат дека игнорацијата е вистинскиот начин на етичко однесување, забораваат на комуникацијата, се навикнуваат на таквиот живот и засекогаш замолчуваат.