Само сакал да си купи „ауди“: Еве како скопјанец остана и без пари и без автомобил
Сектор за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Т.(23) за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“, против З.Б.(32) за сторено кривично дело „измама“ и А.Ѓ.(32) за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа“.
На 7.август минатата година во Скопје, во канцеларијата на Нотар А.Ѓ., при склучување на договор со оштетениот за купопродажба на возило „Ауди А6“, приложил фалсификуван договор за купопродажба на возилото помеѓу првопријавениот и правно лице од Скопје, по што третопријавената, го одобрила и потпишала договорот.
Откако оштетениот му ги исплатил парите, второпријавениот побарал да му го остави возилото на користење уште неколку дена, но откако поминал договорениот период, второпријавениот не му го предал возилото, ниту пак, одговарал на телефонските повици.
Потоа, оштетениот, при обид за проверка на веродостојноста на купопродажниот договор помеѓу правното лице и првопријавениот, од страна на третопријавената бил известен дека не постои таков купопродажен договор.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка