ОН: Само половината од жените во светот носат одлуки за своето здравје
Само околу половина од жените во светот можат да донесат сопствена одлука за согласноста на сексуален однос и здравствена заштита, соопштија Обединетите нации, предупредувајќи дека ограничените права во толкав обем и стојат на патот на родовата рамноправност.
Секоја четврта жена не можела да одбие сексуални односи, а поголем процент од нив не биле во состојба да донесат сопствени одлуки за здравствената заштита, покажа истражувањето на Фондот на ОН за население (УНФПА) , што утврди дека женските права во некои земји опаѓаат, пренесуваат британските медиуми.
Постигнувањето родовна рамноправност до 2030 година беше една од глобалните цели што ОН ја усвои во 2015 година во борбата против општествените проблеми, како сиромаштијата и судирите.
„Способноста на жените да донесуваат одлуки за репродуктивното здарвје, употребата на контрацепција и сексуалните односи е од пресудно значење за родовата рамноправност и универзалниот пристап до сексуалното и репродиуктивно здравје и права“, се наведува во извештајот на УНФПА.
-УНФПА се обиде да утврди дели жените имаат пристап до здравствената заштита и дали можат сами да донесуваат одлуки за контрацепцијата и одбивањето на сексуален однос, изјави Емили Филмер-Вилсон , советничка во УНФПА за човекови права, укажувајќи дека само 55 отсто од жените биле во состојба да одговорат на сите три прашања, што покажале резултатите од анкетата спроведена во 57 земји низ светот.
-Факторите што влијаат на способноста на жените да донесуваат сопствени одлуки го вклучуваат нивото на образование, возраста на која се омажиле и ставовите на нивните сопрузи, наведе Филмер-Вилсон.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“