Loading Video...
Фудбал
26. February 2022 - 10:28

Сaмо по еден бод Милан и Интер во дуелите со Удинезе и Џенова

Продолжува мртвата трка на двата милански тима за титулата во италијанската Серија А.  Двата тима освоија по само еден бод во дуелите со Удинезе и Џенова. 
 
Милан пред својата публика одигра 1-1 во дуелот со Удинезе, тим за кој македонскиот репрезентативец Илија Нестороски остана на клупата и не доби шанса. 
 
Интер пак на гости кај Џенова одигра без голови 0-0, по што првите две позиции на табелата нема промени. 
 
Милан сега има 57 бодови, два повеќе од Интер кој има одиграно еден натпревар помалку од „лутиот“ ривал.