Македонија
2. April 2024 - 16:51

Само неселективни и фер постапки можат да ја вратат довербата во судството

Политизираните одлуки со недоволна транспарентност и квалитет ја уриваат довербата во судството. Потребно е отворено и транспарентно судство за граѓаните повеќе да веруваат во македонскиот правосуден систем, а предметите да се решаваат неселективно и во фер постапки, забележува мисијата на ОБСЕ во земјава. 

Ниската доверба на граѓаните во сите институции е општа констатација и рак рана во судството, вели првиот човек на Здружението на судии, судијата Саити. Но не смета дека таквата доверба е резултат на некавлитетни одлуки, туку на добар политички инжењеринг.

Предметите од јавен интерес се индикатор за јавната доверба, смета шефицата на Врховен. Според Арифи, со заштитата на јавниот интерес се заштитуваат и правата на граѓаните. 

За претседателката на Судскиот совет, кој се најде во сите меѓународни извештаи, дека сериозно ја руши довербата во правосудството по бројните превирања, интегритетот е најважното оружје кое ќе може да донесе до неселективна правда еднаква за сите.

Според сите анкети и меѓународни извештаи, судските органи уживаат најмала доверба кај граѓаните, во некои истражувања помалку од 2 отсто. Дека состојбата е алармантна нотираше и оценската мисија која по увидот во Судскиот совет препорача низа реформи за излегување од состојбата.