-->
-->
Само еден новозаразен со коронавирусот во Словенија
-->
Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата се направени 1055 нови тестирања за коронавирусот, а позитивно било само едно лице, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Ова претставува намалување во споредба со вчера кога беа откриени три новозаразени.
Намалување има и на бројот на хоспитализирание лица поради Ковид-19, па така во медицинските центри во земјата сега болнички се лекуваат 52 лица, а 13 пациенти поради потешка форма на болеста се сместени во одделенијата за интензивна нега.
Вчера од болница беше отпуштен уште еден пациент, со што вкупниот број оздравени кои биле хоспитализирани сега изнесува 247.
Изминатите 24 часа нема починати лица како последица од Ковид-19.
Во Словенија досега се направени вкупно 60.000 тестирања за коронавирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
-

Преглед на вестите од светот
-

Без поместување на позициите заврши првата официјална средба Муцунски - Петрова Чамова
-

Фицо го одби предлогот на Мерц за полесно проширување на ЕУ
-

Антикорупциска откри незаконски вработувања и исплати во ТЕЦ Неготино
-

Градоначалникот на Скопје не отстапува со ограда да го затвори преминот на Бит Пазар – Граѓаните бараат семафор
