-->
-->
Само Челзи не победи пред своите навивачи
-->

Во Англискиот фудбалско првенство, попладнево беа одиграни шест натпревари од 22.коло во Премиер лигата. На пет од нив победи забележаа домашните екипи, а единствено Челзи не ги израдува своите симпатизери играјќи нерешено со Евертон 3:3.
На останатите натпревари каде победија домаќините беа постигнати овие резултати: Тотенхем – Сандерленд 4:1, Саутемптон – ВБА 3:0, Њукасл – Вест Хем 2:1, Манчестер Сити – Кристал Палас 4:0 и Бурнемут – Норвич 3:0.
Денешната програма ќе ја заокружат Астон Вила и Лестер.
Утре, покрај дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед, ќе се игра и дуелот Стоук – Арсенал, додека колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбата Свонси – Ватфорд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Не е крај на светот – компании ќе се отвораат и затвараат
-

Преглед на вестите од светот
-

Ѓорѓиевски со мрежа ќе го брани Вардар од отпад и загадување - Комунална хигиена останува под Град Скопје
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Не се намалува бројот на сообраќајки во главниот град – Дневно Брзата помош интервенира на 3-4 несреќи
-

До крајот на годината работниците ќе добијат по 18.140 денари К-15, административците 12.372 денари
-

Државата времено ги суспендираше плаќањата од ИПАРД 3 додека трае истрагата за Стоилев
-

Видео снимки од „ПИ“ мерки на судењето за поткуп во Клиниката за геријатрија
