Самитот на АСЕАН во сенка на терористичките напади

Самитот на Асоцијација на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН), што денеска почна во Куала Лумпур, се одвива во сенка на неодамнешните терористички напади.
На дневен ред на самитот, на кој присуствуваат 18 лидери, меѓу кои и претседателот на САД, Барак Обама, се тероризмот и спорот во Јужно Кинеско Море.
На почетокот од самитот малезискиот премиер Наџин Ражак ги повика лидерите на борба против исламскиот тероризам, истакнувајќи оти „варварските акции не претставуваат ниту една раса или религија“.
Обама наведе дека нападот врз хотелот во Мали само ја зацврстила решеноста на САД и сојузниците да се борат против оние кои напаѓаат цивили.
- САД заедно со своите сојузници и партнери неумоливо ќе се бори против оние кои ги напаѓаат нашите граѓани. Ќе продолжиме да ги откриваме и уништуваме терористичките мрежи. Нема да дозволиме убијците да најдат засолниште, посочи Обама.
Поголемиот број на лидери на самитот на АСЕАН во Малезија допатуваа од самитот за Азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК) што се одржуваше во Манила.
Ново на Сител
-

Собранието обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“
-

Пожар во близина на црквата „Свети Спас“ во Стара Чаршија
-

Русија го блокира „Снепчет“
-

Меланија Трамп: Уште седум украински деца вратени од Русија
-

После две години скопјани добиваат субвенции за инвертер клима уреди
-

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов
-

Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор
-

Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
