Самит Македонија 2025
Скопје од денеска е домаќин на шестото издание на „Самитот на Македонија 2025“.
Дводневниот самит е најавен како водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство.
Најавени се дебати на кои ќе бидат разработени најдобрите практики на економски успешните мали земји, примери за успешно и инспиративно лидерство, технологии на идното време, значењето на медиумите и телекомуникациската индустрија, улогата на социјалните медиуми и платформи, развој на Македонија во регионален центар за паметни технологии, значењето на странските инвестции за земји како нашата, како и примери за „паметни“ технологии и обновливи извори на енергија.
Премиерот Зоран Заев вчера имаше средба со Мајк Зафировски, Џон Битов помладиот и Роберт Арсов, членови на Бордот на директори на „Македонија 2025“, невладина организација во која членуваат бизнисмени од дијаспората и менаџери од Македонија.
Заев на средбата порача дека Владата на Република Македонија се отвори кон сите кои можат да придонесат кон економски напредок на државата. - Ја поздравуваме иницијативата на дијаспората и конкретното активирање на претставниците на групата МК 2025 во Македонија, што значи силен импулс за нови идеи, програми и инвестиции во државата, со цел успешно спроведување на реформите, посебно во иновациите и проектите од областа на образованието на менаџерите, истакна македонскиот премиер.
Ново на Сител
-
Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Русија - Путин не разбира ништо друго освен сила и притисок
-
Американската администрација проверува податоци за 55 милиони иматели на визи во САД
-
Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици
-
Осум активни пожари низ државата
-
Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур
-
Без вода дел од општина Центар
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром
-
Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи