Сали: Обезбедени дополнителни 140 милиони денари за лекот „Трикафта“
Министерот за здравство Беким Сали со објава преку социјалните мрежи информира дека се обезбедени 140 милиони денари за лекот „Трикафта“ наменет за лекување на пациенти со цистична фиброза.
- За 8 пациенти со цистична фиброза денеска се обезбедија буџетски средства за набавка на лекот „Трикафта“. Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 денари се зголемува на 703.504.040 денари, односно за дополнителни 140.000.000 денари, напиша Сали во објавата.
Асоцијацијата за цистична фиброза вчера информира дека починал еден од пациентите заболен од оваа болест во државава.
- Згасна еден живот- згасна еден свет! Асоцијацијата за цистична фиброза со преголема тага и скршеност известува дека денеска изгуби еден свој соборец, кој до последен здив веруваше дека ќе ја дочека новата терапија со „Трикафта“, надеж која заедно со него ја крепевме со последните атоми, стотина пациенти во државата, главно деца и млади со ЦФ, објавија од Асоцијацијата на Фејсбук.
Заради ова, како што посочија, нивниот „револт, огорченост и потресеност се исклучително големи“, особено затоа што како Асоцијација лекот го бараат од 2020 година и апелираат постојано за итноста од воведување современа модулаторна терапија.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје