-->
-->
Салата „Борис Трајковски“ повторно ќе се отвори за вакцинација, вели Филипче
-->
Вип Арената Борис Трајковски повторно ќе се претвори во пункт за вакцинација. Министерот за здравство Венко Филипче денеска во изјава за медиумите рече дека овој пат нема да се користи големата сала како на почетокот на вакцинацијата.
-Имајќи го предвид притисокот во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата Борис Трајковски зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа и порано за да дојдат и да ја стават салата во функција. Сега ќе биде онаа помала сала, не големата. Меѓутоа, ќе има околу 20-тина места кадешто ќе може да се спроведе вакцинацијата и верувам дека тоа ќе ги растерети гужвите и редовите коишто ги имаме пред Здравствените домови, рече Филипче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Никола Анастасијески освои прво место на 16-то Државно првенство на бармени
-
Најмногу дожд во Крушево, времето денеска нестабилно, наместа со поројни врнежи и грмежи
-
Приведен 51-годишен кумановец, управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта
-
Агенти на СИПА се обиделе да го уапсат Додик во Источно Сараево, ги спречиле специјалци на Република Српска
-
Зеленски признава дека разговорите биле „емотивни“, алудирајќи на спорот околу Крим
-
Во Собранието пратенички прашања
-
Трамп: Мислам дека имам договор со Путин и со Зеленски за решавање на војната во Украина
-
Без струја делови од општините Ѓорче Петров и Аеродром