-->
-->
Салах ја доби „црвената 11-ка“
-->

Репрезентативецот на Египет и досегашен играч на Рома од 1.јули е нов фудбалер на Ливерпул, откако синоќа успешно ги мина лекарските прегледи и потпиша петгодишен договор со „црвените“. Салах од „втора“ доаѓа во Ливерпул, бидејќи пред неколку сезони од Базел требаше да пристигне на Енфилд, но во последен момент замина за Челзи.
По Челзи настапуваше за Фиорентина и за Рома, која за трансферот ќе добие 34 милиони фунти (приближно 40 милиони евра) и дополнителни бонуси околу 5 милиони евра.
Како играч на Фиорентина и Рома одигра 83 натпревари и постигна 34 голови.
Неговиот трансфер е втор највисок во клупската историја на Ливерпул, претходно Енди Керол во 2011 година дојде од Њукасл за 35 милиони фунти.
Салах ќе го носи дресот со број 11, кој досега беше на грбот на Роберто Фирмино, кој пак најверојатно ќе ја земе „деветката“ (9), која во ланската сезона не ја носеше никој откако Кристијан Бентеке замина од клубот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
