Саксо банк: Еврото ќе падне на паритет со доларот, биткоинот ќе доживее крах
Фед ќе ја изгуби независноста, еврото ќе падне на паритет со доларот, биткоинот ќе доживее крах, а „Тенцент“ ќе го претекне„Епл“, предвидува групата Саксо банк за 2018 година во својата традиционална годишна прогноза.
Саксо банк со десет провокативни предвидувања предизвика немир, а интригантни се следниве прогнози: Вол стрит во 2018 година ќе доживее 25-отстотен еднодневен пад (мерено според индексот на СиП 500), при што Саксо банк веќе одреди дека тоа ќе биде понеделник, кој, секако, ќе се нарече и црн понеделник, како оној на 19 октомври 1987 година.
Како што се наведува во прогнозата, драматично ќе биде тргувањето со биткоинот. Се очекува дека ќе достигне до 60.000 долари, со што неговата пазарна капитализација ќе изнесува вртоглави илјадници милијарди долари, по што ќе следи пропаѓање, а Кина и Русија (барем делумно) ќе го забранат биткоинот.
Ново на Сител
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот
-
30 години Сител Телевизија - Ваш прв избор
-
Масовни протести во Грузија: Стотици уапсени, полицијата обвинува за насилство
-
Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Приведена кавадарчанка за обид со туѓа лична карта да подигне пари