Сакате да работите во странство? Еве колку плаќаат во Данска и Шведска а колку во Бугарија и Романија
Најплатена работната рака минатата година во Европската унија била во Данска и Белгија, а најефтината во Бугарија и Романија, според денешните објавени податоци на европската служба за статистика Евростат.
Цената на еден час работа во ЕУ во просек изнесува 25,4 евра а во еврозоната 29,8 евра, се наведува во официјалната интернет страна на Евростат.
Меѓутоа цената на работната сила е многу неизедначена меѓу членките на ЕУ, оценува Евростат.
Најголема цена на еден час работа минатата година била во Данска 42 евра, потоа Белгија 39,2 евра, Шведкса 38 евра, Луксембург 36,6 евра и Франција 35,6 евра.
Најниска цена на еден час работа била во Бугарија 4,4 евра, потоа Романија 5,5 евра, Литванија 7,3 евра, Унгарија 8,3 евра и Полска 8,6 евра.
Цената на еден час работа во индустријата минатата година изнесувала 26,6 евра во ЕУ, а во еврозоната 32,6 евра, во услужниот сектор 25,8 евра, односно 28,7 евра а во градежништвото 23,3 евра и 26,1 евро.
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот