-->
-->
Сакам да почивам на Вимблдон
-->
Легендарниот тенисер Борис Бекер рекол дека не се чувствува како Германец и дека би сакал да биде погребен на Вимблдон.
Бекер долго време живее во Лондон и смета дека тоа е неговиот вистински дом.
„Мојот дом е Лондон. Сакам да ме погребат на Вимблдон. Веројатно нема да се вратам во Германија. Имам германски пасош, но повеќе не се чувствувам како Германец“, рекол трикратниот освојувач на овој гренд слем, кој се нарекува и неофицијално светско првенство во тенис.
Инаку, Бекер изминатите седум месеци има големи финансиски проблеми, а Врховниот суд во Лондон во јуни му прогласи банкрот, иако Германецот потоа неколку пати истакна дека тие наводи не се точни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На „vakcinacija.mk“ пријавени над 49 000 граѓани - На располагање има 80 000 бесплатни вакцини
-
Граѓанскиот суд го забрани штрајкот на контролорите на летање, синдикатот ќе се жали
-
Ќе има ли одговорност за куќата на писателот Малески
-
Македонија добива нова национална ИКТ стратегија - СМАРТ МК 2030
-
Преглед на вестите од светот
-
Андоновски: Нова дигитална стратегија
-
Мицкоски: Излезете на гласање
-
Филипче: Секој глас се брои