Сакал забава, а таа му ги уништила уметничките слики вредни милиони
Мажот наведува дека девојката сакал да ја испрати дома, но таа не сакала.
Полицијата во Далас известила дека ја привела Линди Лу Лајман, девојка која по излегувањето со познат адвокат во пијана состојба направила 300.000 долари штета на дел од неговата колекција.
Лајман биле уапсена во саботата откако ја пријавил маж со кој излегла на состанок. Станува збор за адвокатот Ентони Бузби. Таа е пуштена на слобода по платената кауција од 30.000 долари.
49-годишниот Бузби кажал дека Лајман, кога стигнале во неговиот дом била толку пијана што сакал да и повика такси и да ја испрати дома. Но таа одбила да го напушти неговиот дом. Таа се криела, а кога се убедувал да ја испрати дома, таа почнала да покажува агресивност и да го напаѓа.
Властите тврдат дека пијаната девојка искинала неколку вредни слики, а некои ги уништила со вино. Наводно скршила и 2 скулптури во вредност од 20.000 долари откако со нив удирала по Бузби.
Секоја од уништените слики на Вархол е проценета на околу 500.000 долари.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции