Саемот на книга годинава во СЦ „Борис Трајковски“
Саемот на книга годинава ќе се одржи во салата на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ бидејќи Скопскиот саем веќе не работи, информира денеска Министерството за култура, како покровител на манифестацијата.
- Нема да дозволиме изумирање на читателската култура, ќе им помогнеме на издавачите и љубителите на книгата. Саемот за книга годинава ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, за што Министерството за култура веќе разговараше со раководството, кај кое постои големо расположение да им се излезе во пресрет на издавачите и љубителите на книгата и саемот годинава сепак да се одржи во нашата најголема сала, која нуди мултифункционални простории и може да се адаптира на манифестацијата, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Во наредните денови Министерството за култура ќе организира повеќе средби со организаторите и здруженијата на издавачи за Саемот и за обезбедување на потребната поддршка.
Саемот на книга годинава ќе се одржи по 30-ти пат.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото