Саем за вработување во Гостивар
Караванот „Саем за вработување 2015“ што го организира Агенцијата за вработување на Република Македонија, денеска ќе се одржува во Гостивар и за посетители ќе биде отворен од 11 до 14 часот во спортската сала „Младост”.
- Западна Македонија е новиот реон каде што караванот на саемите за вработување ќе понуди можности за вработување во компании од гостиварскиот и тетовскиот регион за сите заинтересирани кои се невработени, а воедно се активни баратели на работа, соопшти Агенцијата.
Шанса за пронаоѓање на нова работа имаат и сите вработени кои сакаат да го променат работното место и да ја збогатат својата кариера.
На отворањето на саемот во Гостивар ќе присуствуваат Влатко Поповски, директор на Агенција за вработување на РМ, и гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК
-
СДСМ: Тошковски ја партизира полицијата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова е одбрана само за да изгуби
-
Меморандум за разбирање со „Казанџи Груп“
-
Лицата со инвалидитет бараат да бидат ставени на советничките листи за претстојните локални избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Бујар Османи кандидат за градоначалник на Чаир, Таравари добива четири, а Села три општини