Саем за вработување и кариера
Саемот за вработување и кариера, организиран од студентската организација БЕСТ (Борд на европски студенти по технологија) од денеска до 12 април ќе се одржува на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.
На саемот студентите можат да се информираат за се што нудат компаниите учеснички, како и за потенцијално работно место или пракса. Компаниите, пак, имаат можност да стапат во контакт со нивните потенцијални вработени.
- Нашата цел е да ги доближиме амбициите на студентите до компаниите и да бидеме дел од нивниот чекор поблиску до кариерата. Минатата година Job fair се покажа како најуспешен досега, со вкупно 36 присутни компании, велат од БЕСТ.
Според организаторите, овој саем е одлична можност за студентите да добијат пракса или работа во некоја од најдобрите компании во земјата. Потребно е да ги остават своите биографии на www.jobfair.org.mk и со тоа да станат дел од датабазата до која имаат пристап сите компании - учеснички од Република Македонија и надвор од неа, во текот на целата година.
Компаниите на овој саем ќе имаат можност да држат бесплатни предавања и презентации.
Ново на Сител
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав
-
Заштита за „Македониум“
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратениците во контрола на АНБ
-
СДСМ: Дали премиерот ќе го разреши Фетаи?
-
Oхридското езеро доведено до критична точка
-
Преглед на вестите од светот