Саем на мед во Струга
Во организација на Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија, денеска и утре во Струга ќе се одржи 3. Саем на мед.
Најавено е учество на околу 20 излагачи од Скопје, Штип, Радовиш, Кочани, Битола, Прилеп, Охрид, Дебар, Виница, Македонски Брод и Струга. Ќе има и гости од Србија и Албанија.
Штандовите ќе бидат поставени пред зградата на Општината. Граѓаните ќе имаат прилика да купат мед и други пчелни производи директно од производителите, а на неколку од штандовите ќе се продава и сертифициран органски мед.
Во организацијата на Саемот е вклучено и здружението „Матица“ од Струга. Се очекува на отворањето да се обратат градоначалникот Мустафа Забзун и претседателот на „Матица“, Шефит Шемшедини.
Целта на оваа традиционална манифестација е да се промовираат пчелните производи и да се иницира поголема застапеност на пчеларството во Македонија.
Ново на Сител
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации
-
Обид за убиство во Струга
-
Пресудата за онкологот Мери Пешевска на 22 септември
-
Заштеда до 2.000 денари по ученик од мерката „Училишна кошничка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Скопска Црна Гора, сомнежите се дека е подметнат
-
Оспореното упатство на ДИК за независните кандидатури пред Уставен
-
Во понеделник пресуда за онкологот Мери Пешевска која призна вина за несовесно лекување пациенти