Саем на книгата во Феникс
Под слоганот „Книга за сите генерации“, издавачката куќа Феникс, од денеска до 20-ти следниот месец, организира саем на книгата во своите четири продавници во Скопје.
На саемот, што се организира во месецот на книгата, ќе бидат презентирани над 10.000 наслови за возрасни и деца.
Меѓу понудените наслови се и книгите: „Феминизам“ од Андре Мишел, „Фројд“ од Ролан Жакар, „Антологиите на хорор и крими приказни“, „Јас сум гениј“ и „Ослободување на прстите“ од Салвадор Дали, „Љубов, убавина и слава“ од Енди Ворхол и многу други изданија.
На саемот ќе бидат изложени боенки, сликовници, енциклопедии, лектири за основно и средно образование, прирачници, хитови и бестселери.
Ќе биде промовирано и новото списание „Тренд филм“, а ќе се одржи и трибина на тема „Списанијата денес“ на која ќе бидат претставени и списанијата „Книжевна академија“ и „Учење низ игра“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство