„Саем на кариера“ во Крива Паланка
Работодавачи од приватните компании од Крива Паланка и Ранковце и невработени лица од овие општини присуствуваа на „Саемот на кариера“, што денеска се одржа во општина Крива Паланка.
Саемот е во рамки на проектот „Создавање можности за вработување на младите од руралните средини“ на Центарот за економски анализи-Скопје.
- Проектот е наменет за млади, невработени лица од 20 до 39-годишна возраст, за кои покрај ваквите денови на кариера, каде имаат можност да се запознаат со локалната бизнис заедница, ќе бидат овозможени обуки за барање работа и унапредување вештини на барање работа, комуникација и унапредување вештини, развој на бизнис претприемништво и пристап до финансии, изјави Весна Гарванлиева-Андонова, менаџер на проектот.
Таа информира дека досега е спроведена анализа на пазарот на труд во Североисточниот регион, а предвидено е одржување „Саеми на кариера“, кои се во тек. Денешниот саем, како што рече, е втор во рамки на проектот, а првиот се одржа вчера во општина Старо Нагоричане, а следната недела ќе има во Липково.
- Анализите на понуда и побарувачка на пазарот на труд во регионот покажаа голем јаз меѓу тоа што го имаат младите како квалификации и она што го бараат компаниите. Проблемот е структурен, образовните стручни училишта не продуцираат кадри кои се потребни во регионот, а бизнис секторот има потреба од стручни кадри со практични вештини, истакна Гарванлиева-Андонова.
Овде ќе помогнат, како што нагласи, работните клубови кои ќе бидат формирани во трите општини каде се спроведува проектот, Липково, Старо Нагоричане и Крива Паланка.
- Во тек е повик за ангажирање ментори за работните клубови каде ќе се ротираат практиканти од регионот и ќе добиваат обуки на гореспоменатите четири теми, ќе им се помогне во изготвување биографија и апликација за работа, ќе ги зголемат вештините за вработување, конкурентноста на пазарот на труд и ќе се создадат можности за професионален развој, рече Гарванлиева-Андонова. Додаде дека во клубовите ќе се остварат и контакти за директно поврзување на невработените со компаниите.
Проектот го реализира Центарот за економски анализи и Федерација на фармерите на Република Македонија, со финансиска поддршка од Европската унија. Проектните активности почнаа во декември 2015 година и ќе траат до средината на 2017 година.
Ново на Сител
-
Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран
-
Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху
-
Израелската национална авиокомпанија „Ел Ал ерлајнс“ ги откажа летовите до 23 јуни
-
МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена