САД загрижени од ненајавените воени вежби на Русија во Белорусија
– САД се загрижени од регистрираното префрлање неутврден број руски војници и воена опрема од Далечниот Исток на Русија во Белорусија, под изговор за планирани воени вежби, а со цел најверојатно да ја нападне Украина од север, изјави синоќа официјален претставник на Стејт департментот.
Воените вежби, што не биле најавени кај дипломатските претставници во Москва во утврдениот рок, ги потврди и рускиот заменик министер за одбрана Александар Фомин. Тој синоќа изјави дека вежбите ќе траат од 10 до 20 февруари и дека се изведуваат за тренинг на Минск и Москва за „одбивање надворешна агресија“.
-На територијата на Белорусија од Русија ќе бидат префрлени 12 воени ловци „Су-35“, две дизвизии на системот за противракетна одбрана „С-400“ и дивизија на зенитно-ракетни топовски системи „Панцир-С“, изјави Фомин, пренесе руската служба на Би-Би-Си.
Дополнителите воени сили во Белорусија, покрај веќе распоредените 100.000 долж руско-украинската граница, уште повеќе го засилуваат военото присуство на Москва во близина на Украина и ги подгреваат стравувањата на Запад околу можна руска инвазија во соседната земја.
-Тајмингот е бележит, со загриженост набљудуваме како Русија стационира војска во Белорусија под агендата на регуларно планирани заеднички воени вежби со цел, потенцијално да ја нападне Украина од север, изјави претставникот на Стејт департментот за време на телефонски брифинг со новинарите.
Тој истакна дека вовлеченоста на Белорусија во таков напад за САД, сојузниците и партнерите би била неприфатлива.
-Верувам дека тоа е неприфатливо и за Белорусите и многумина вклучени во режимот, додаде тој.
Според него, референдумот за уставни промени во земјата закажан за во февруари е директно поврзан со овие настани. Уставните промени предвидуваат дозвола за Русија да стационира конвенционално и нуклеарно оружје на територијата на Белорусија.
-Предложените уставни промени вклучуваат текст што говори за давање зелено светло Русија да смести свое оружје и гарнизон војска во земјата. Ова ќе биде значајна промена за Белорусија и таквиот чекор ќе претставува предизвик за европската безбедност, на што треба да се одговори, изјави службеникот.
Според него, ова покажува дека позицијата на Лукашенко била значајно ослабена и најверојатно тој нема да може веќе да се опорави и да го врати и тој намален суверенитет што Белорусија претходно го имала.
-Со текот на времето Лукашенко сѐ повеќе се потпираше на Русија за секаква поддршка, а знаеме дека Путин никогаш не дава поддршка бесплатно. Русија демне над неговите слабости, истакна претставникот.
Претставникот на Стејт департментот изјави и дека режимот постојано го зголемува бројот на политички затвореници, што сега е поголем од 990, и дека настаните во Казахстан одекувнаат во земјата каде потенцијалот за протест не е намален.
Ново на Сител
-
Дал 5 евра за автобусот да ја мине границата, уапсен 28-годишен Косовец на Блаце
-
Извршена исплата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот јануари-јуни 2024 и исплата за градинарско производство
-
Забрана за движење товарни моторни возила на патот Дебар - Маврово и Тетово – Попова Шапка
-
Студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
ДУИ: Рeвизија на приватизацијата
-
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски
-
Тешко повредена жена откако во неа удрил „цитроен“ - возачот го напуштил местото
-
Најпознатиот божиќен хит на Мараја Кери е издаден пред точно три десетлетија