САД воведоа нови санкции поради војната во Украина
САД воведоа нови санкции за стотици луѓе и компании, вклучително и во Кина, Турција и Обединетите Арапски Емирати, за да ја спречат Русија да ги избегне санкциите, а цел се руски банки, енергетскиот, металопреработувачкиот и рударскиот сектор.
Американското Министерство за финансии и Стејт департментот воведоа санкции за 250 поединци и ентитети во обид да ја зауздаат Русија и да ја спречат да ги избегне санкциите воведени поради војната во Украина.
- Ќе продолжиме да ги користиме алатките што ни се на располагање за да промовираме одговорност за руските злосторства во Украина и оние кои ја финансираат и поддржуваат руската воена машина, се вели во соопштението на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Министерството за финансии воведе санкции против мрежа од четири субјекти и девет лица со седиште во Кина, Русија, Хонг Конг и Пакистан поради посредување и набавка на кинеско оружје и технологија за Русија. Во него се наведува дека мрежата се обидела да ги заобиколи американските санкции и кинеската контрола на извозот на воени материјали.
Турција, Обединетите Арапски Емирати и кинески компании исто така се цел на санкциите поради испорака на технологија, опрема и делови.
Ново на Сител
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци
-
Украинци: На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца
-
Со хеликоптер на Армијата исфрлени 102 тони вода врз пожарот во Јасен
-
Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште