САД водат истрага за Дојче банка поради наводно перење на пари од Русија

Американските власти ја истражуваат германската Дојче банка поради наводно перење на пари од Русија.
Истражниот центар на државата Њујорк ги испитува трансакциите вредни милијарди долари и се претпоставува дека станува збор за пари кои незаконски се префрлени од Русија.
Њујоршкиот оддел за финансиски услуги ја започна истрагата за Дојче банка на почетокот на летово. Според него, руски клиенти неуспешно се обидувале да ги поткупат вработените во Дојче банка во Москва, за да го прикријат потеклото на нивните пари.
- Го поддржуваме учеството во меѓународните напори за откривање и борбата против сомнителните активности и преземаме акција да пронајдеме докази за лошото работење, изјави портпаролка на банката.
Дојче банка ги информирала регулаторните тела во Велика Британија и Германија за својата внатрешна истрага на трансакциите во рускиот оддел од 2011 до 2015 година. Во Њујорк се сомневаат дека хартиите од вредност купени во Москва, паралелно во Лондон, преку Дојче банка, биле разменувани за меѓународни валути.
Центрите истражуваат дали трансакциите, наречени „огледало на трговијата“, им дозволувале на клиентите да префрлаат од Русија големо количество на пари, прикривајќи го неговото потекло.
Ново на Сител
-

Превозниците бараат поврат на дел од акцизата за дизел
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура и туризам
-

Обид за намалување на цената на горивата и ублажување на енергетската криза
-

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати
-

Мицкоски: Македонија системски подобро реагираше по пожарот во Кочани од Швајцарија во Кран Монтана
-

Екс директорот на Комунална, Рустеми се сомничи дека злоупотребил над 68.000 евра за фиктивни услуги
-

Обвинение за сопругот на Ивана: Насилството довело до самоубиство
-

Закани за бомби и убиства во медицинското училиште во Тетово – приведен 18-годишник
