САД ветија помош од 100 милиони долари за земјите зафатени од коронавирус
- Оваа обврска, покрај стотиците милиони долари широкограда помош донирана од американскиот приватен сектор, го демонстрира силното лидерство на САД во одговор на епидемијата, истакнува Помпео во изјавата.
Додаде дека владиниот ангажман за ова ќе се реализира преку постоечките фондови „како диектно така и преку армиските организации“.
Претходно, и фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс се обврза да донира 100 милиони долари во исражувања за вакцина и лечење на коронавирусот.
Со оваа сума се намирува дел од 675 милиони долари што Светската здравствена организација ги бара од земјите за борба со болеста и спречување на нејзино ширење.
Според најновите информации од вирусот што се појави во Кина, сличен е на болеста САРС, досега починале најмалку 638 лица, додека повеќе од 31 илјада се заразени. Најголeм дел од заразените се во Кина.
Коронавирус е од истото семејство на смртоносни вируси како САРС (кратенка од „остар акутен респираторен синдром“) од кој во 2003 година беа заразени околу 8 илјади лица, а 774 починаа.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари