САД преместуваат 200 војници во Израел за да го чуваат мирот
САД преместуваат до 200 војници кои веќе се стационирани на Блискиот Исток во Израел за координација на операцијата, соопштија американски претставници.
Американската војска ќе воспостави таканаречен центар за цивилно-воена координација во Израел, во кој ќе бидат вклучени околу 200 војници. Во него ќе бидат вклучени и сили од арапски и муслимански земји, вклучувајќи ги Египет, Катар и Турција, кои ќе го набљудуваат примирјето и ќе пријавуваат евентуални прекршувања.
Како што јави Би-Би-Си, американските претставници велат дека ниту еден американски војник нема да влезе во Газа. Работната група е предводена од Централната команда на САД, која е базирана во регионот, и има за цел да го надгледува напредокот на договорот за прекин на огнот, како и да помогне во координација на хуманитарната помош.
Под претпоставка дека размената на заложници и затвореници ќе биде завршена, претставниците велат дека намерата потоа е да се воспостави таканаречена Меѓународна сила за стабилизација, но тоа сè уште не е договорено меѓу страните.
МИА
Ново на Сител
-
Митинг на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар
-
Активности на помалите партии и независински кандидати
-
Тема на денот со Златко Кузманов, д-р по безбедност и претседател на Центарот за Интегрирана безбедност
-
Пациентите со дијабетес бараат редовни офталмолошки скрининзи за ретинопатија за да спречат слепило
-
Израел и Хамас се договорија за првата фаза од договорот за мир
-
Приведени 6 лица за тендерски малверзации во РЕК Битола
-
Сведочење во Кривичен: Пред Нино Васев не биле давани лекови на реверс на Онкологија
-
Од булевари и подземни улици до социјални мерки - Ветувања на кандидатите за градоначалници на Скопје