САД предупредуваат на ескалација на судирите во источна Украина

Вашингтон, 11 август 2015 (МИА) - САД предупредуваат дека проруските сили во источниот дел на Украина во изминатите три дена извршиле повеќе напади отколку во било кој дрѕг тридневен период уште од февруари, што може да претставува ескалирање на напорите на милитантите за дестабилизација на Владата во Киев.
Портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби изјави дека украинските власти од саботата пријавиле 127 одвоени напади на проруските сили, во кои загинале тројца украински војници, а 35 се повредени.
Тој истакна дека проруските сили и официјална Москва „не можат да зборуваат за мир и тогаш се борат“, повикувајќи ги двете страни да се придржуваат кон мировниот договор постигнат во февруари во Минск.
Кирби, исто така, изрази загриженост поради палењето на четирите блиндирани возила на ОБСЕ во источниот дел на земјата пред два дена.
Украинските власти ги обвинија вчера проруските сепаратисти дека кај селото Старохнативка, во близина на Мариупољ, го извршиле најжестокиот артилериски напад во последните шест месеци, и покрај постигнатото примирје.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
