САД потврдија дека се киднапирани Американци во Ирак

Американската амбасада во Багдад потврди дека „неколкумина Американци“ се киднапирани во Ирак, без да се открие за колку лица станува збор, ниту за тоа каде се случило грабнувањето.
„Работиме заедно со ирачките власти, за да лоцираме каде се наоѓаат и за да ги вратиме назад„ - изјавил функционер на американскиот Стејт департмент.
Непотврдени извештаи од безбедносни извори во Багдад, на кои се повикуваат странските дописници, тврдат дека се грабнати тројца Американци и еден Ирачанец, преведувач.
Овие извештаi посочуваат дека инцидентот се случил во јужниот дел на ирачкиот главен град.
Американската телевизиска компанија Си-Ен-Ен открива дека станува збор за три лица, кои работеле во Багдад на договор на нафтените полиња. Според оваа тв компанија, грабнувањето се случило во петокот.
Ова е прв случај на киднапирање странци во Багдад по подолго време на релативно мирен период без насилство.
Пред повлекувањето на американската војска од Ирак, беа киднапирани и убивани повеќе западни државјани, од страна на радикални шиитски групи, или милитантни сунити, но од тогаш не беа регистрирани такви инциденти.
Минатиот месец, во ирачката пустина беа киднапирани поголема група катарски ловџии, меѓу кои и припадници на владеачкото семејство во Катар. Засега нема никаква трага кои би можеле да бидат киднаперите, ниту се појави каква било информација за тоа што се случува од тогаш, со грабнатите.
Ново на Сител
-

Товарно возило излетало од патот Струмица-Радовиш, возачот загинал на местото на настанот
-

52-годишен гостиварец нападнал малолетник
-

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија
-

Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава
-

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп
-

Уапсен маж од Осака - чувал крокодил без дозвола
-

МЕРМС: За само две години Министерството постави највисок стандард на отвореност
-

Жените сe 39,2 отсто застапени во Собранието, но само 15 отсто во Владата, утврди ДЗР
