САД подготвени за преговори со Русија за нуклеарното вооружување, по преземените контрамерки откако Путин го запре СТАРТ 3
Белата куќа е подготвена на преговори за идна рамковна основа за контрола на нуклеарното оружје без прелиминарни услови, и покрај тоа што Вашингтон презема контрамерки во одговор на решението на Русија да го запре дејството на последниот договор за контрола на атомското оружје склучен меѓу двете страни.
Џејк Саливан, советник за национална безбедност во Белата куќа, во својот настап пред Асоцијацијата за контрола на вооружувањето денеска се очекува да даде до знаење дека администрацијата на претседателот Џо Бајден сака да започне преговори за создавање нова рамковна основа.
Ова го соопшто анонимен американски топ службеник на админстрацијата запознат со текстот на настапот.
Рускиот претседател Владимир Путин во февруари објави дека го запира важењето на договрот СТАРТ 3, што меѓудругото предвидува вршење заемни инспекции на атомските глави и ракети. Тој тогаш изјави дека Москва ќе ги запазува ограничувањата за количините на атомското оружје согласно договорот.
Стејт департментот вчера објави контрамерки на чекорот на Путин. Контрамерките, четири на број, вклучуваат истапување од споделувањето инфрмации два пати годишно, прекин на известувањато до Москва, недозволување инспекции и необезбедување телеметриски информации на лансирањата на интерконтинетални и подморнички балистички проектили.
Ново на Сител
-
Пукање во паб во Торонто, 12 лица повредени
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Рубио: Дејствата на Додик ги поткопуваат институциите на БиХ и ја загрозуваат нејзината безбедност
-
Две лица полесно повредени во сообраќајка со повеќе возила на Партизанска
-
Утрото студено, а потоа сончево и топло до 23 степени
-
Симулациска вежба за вонредни состојби на скопскиот аеродром
-
„За СИТЕ жени и девојки: Права. Еднаквост. Зајакнување“ - Меѓународен ден на жената
-
Бошков: Бизнис конфедерацијата на Македонија се залага работниците и работовачите сами да преговараат за минималната плата