Свет
24. July 2024 - 8:22

САД организираат разговори за ставање крај на конфликтот во Судан

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави дека САД организираат разговори за завршување на конфликтот во Судан помеѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ).

РСФ потврди дека ќе учествува во преговорите за прекин на огнот во Судан. Разговорите се организираат со посредство на САД и ќе се одржат на 14 август во Швајцарија.

Целта на разговорите е да се постигне „сеопфатен прекин на огнот“ во Судан. Војната во Судан, која избувна во април минатата година, принуди речиси 10 милиони луѓе да ги напуштат своите домови.