САД одобриле 100 милиони долари од итниот фонд за помош на авганистанските бегалци
Американскиот претседател, Џо Бајден, одобри сума од 100 милиони долари од Фондот за вонредни состојби за, како што е објаснето, потребите на авганистанските бегалци поради актуелната ситуација во оваа азиска земја, јави Гласот на Америка (ВОА).
Новоодобрените средства се однесуваат и на авганистанските баратели на имиграциски визи, дообјасни Белата куќа. Одобрено е и давање услуги и предмети во износ од 200 милиони долари од залихите на американските владини агенции со цел да се задоволат истите потреби. САД се подготвуваат да евакуираат илјадници баратели за имигрантски визи, на кои им се заканува можна одмазда од талибанците, бидејќи работеле за американската Влада. Првата група на евакуирани лица и нивните семејства се очекува да бидат пренесени пред крајот на јули во Форт Ли, американска воена база во Вирџинија, каде ќе го чекаат решавањето на апликациите за визи.
Пентагон претходно соопшти дека е можно во САД да дојдат околу 2.500 авганистански државјани. Администрацијата разгледува капацитети низ САД и во други земји каде што можат да бидат сместени барателите и нивните семејства. Посебните визи им се достапни на Авганистанците кои биле ангажирани како преведувачи или на други работни места за американската Влада по интервенцијата предводена од САД во Авганистан во 2001 година. Претставничкиот дом на САД во четвртокот усвои закон со кој бројот на одобрени визи се зголеми на 8.000 – што се верува дека ги вклучува сите барања што се во подготовка.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата