САД одобрија продажба на ракетен систем ХИМАРС на Хрватска
САД ја одобрија продажбата на артилериски ракетен систем ХИМАРС на Хрватска во вредност од 390 милиони долари, соопшти Пентагон. Во набавката на системот, како што пренесува Индекс.хр, ќе биде вклучена и компанијата Локид Мартин. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ неодамна најави натамошни инвестиции во хрватската армија, меѓу другото, и со ХИМАРС.
ХИМАРС е високо подвижен артилериски систем земја-земја на тркала. Системот вклучува камион, систем за наведување и контејнер со капацитет од шест ракети. Во регионот ниедна земја нема ХИМАРС.
Во Европа, според достапните информации, го имаат само Полска, Романија и Украина.
Пристигнувањето на ХИМАРС драматично би ја зголемило огнената моќ на хрватските копнени сили и би претставувало моќно средство за одвраќање, пиштува Индекс.
Ново на Сител
-
ССМ на првомајски протест
-
Традиционален првомајски пикник
-
Oхрид за првомајските празници исполнет со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе бараат ли партиите разрешување на првата антикорупционерка?
-
Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции
-
Нема оставка од антикорупционерката
-
Пандов се сомнева дека криминални банди му ја запалиле куќата