Македонија
28. јуни 2021 - 8:50

САД ни донираат опрема за деконтаминација

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денеска во касарната Чојлија кај Петровец ќе присуствуваат на примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација, донација од САД.

Опремата е донирана во рамки на програмата 333 (три-три-три) на САД и се состои од два система за масовна деконтаминација, два система за деконтаминација и две возила за транспорт на овие системи, кои ќе пристигнуваат во фази.

По примопредавањето на донацијата, како што е најавено, изјави за медиумите ќе имаат министерката Шекеринска и амбасадорката Брнз.