САД: Нема да има нова финансиска помош за Пакистан
Американскиот министер за одбрана Ештон Картер соопшти дека американските власти нема да донираат нови 300 милиони долари воена помош на властите во Пакистан, поради нивните неуспеси во борбата со вооружените групи на авганистанска територија, јави весникот „Вашингтон пост".
Пентагонот одлучи повеќе да не го помага Пакистан финансиски што може да им нанесе сериозен удар на американско-пакистанските односи. Тоа е знак за разочараноста на САД од неагилноста на властите во Исламабад во борбата со екстремистите кои сејат насилство во Авганистан, образложува весникот.
- Картер реши да не сведочи пред Конгресот дека мерките на Пакистан против групата Хакани која е поврзана со талибанците, се доволно ефективни, изјави портпаролот на Пентагон, Адам Стамп.
Сево ова само ги подгреа и онака актуелните гласини за затегнатите односи помеѓу Вашингтон и нивниот наводен сојузник за когошто многумина тврдат дека води „двојна игра“.
Од 2002, согласно усвоената програма, САД испратиле околу 14 милијарди долари во Пакистан.
Ново на Сител
-
Израелската армија соопшти дека нападнала повеќе од 100 „терористички цели“ во Појасот Газа
-
Трамп го номинира адвокатот Стенли Вудворд за негов помошник и постар советник во правниот тим на Белата куќа
-
Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле
-
Млад гостиварец осомничен за силување 13-годишно девојче
-
Намалена видливост поради магла на планинските превои Ѓавато и Буково
-
Утрово најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик
-
Израелските демонстранти го повикаа Трамп да стави крај на војната во Појасот Газа и да ги ослободи заложниците