САД не ја признаваат федерацијата на Курдите во Сирија
Стејт департментот соопшти дека не ја признава автономијата, што вчера ја објавија сириските Курди, прогласувајќи Северен федерален регион во северниот дел на земјата.
- Ние не го поддржуваме самоуправувањето на полуавтономните зони во Сирија и сакаме да видиме една обединета, целосна Сирија со друга влада, која нема да ја раководи Башар ал Асад и која ќе одговара на желбите на сирискиот народ, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби и додаде дека ова е поддржано и од други земји.
Сириските Курди прогласија вчера создавање на федерален регион во зоната, која е под нивна контрола во северниот дел на Сирија.
- Главните курдски групации го одобрија создавањето на федерален систем на управување за Рожава (сириски Курдистан) во северна Сирија, изјави Сиханук Дибо, претставник на најголемата курдска партија во Сирија, Партија за демократско единство.
Одлуката за создавање федерален регион беше донесена на конференцијата на претставници на сириските курдски групи од трите региони, кои се под контрола на Курдите во северна Сирија. Конференцијата се одржа во градот Рмејлан во северната сириска провинција Хасака и на неа присуствуваа над 30 политички партии на Курдите и нивни сојузници во Сирија.
Ново на Сител
-
Пронајдени траги од дрога во тоалетите во Парламентот на Финска: Покажала анализа на Финскиот јавен радиодифузен сервис
-
Двајца велешани повредени откако со автомобил удриле во наплатната станица „Сопот“
-
Во Кочани малолетници биле заглавени во снег па извлечени и предадени на родителите
-
Нападнат контролор на ЈСП „Скопје“
-
Осум министерства, Заводот за статистика и Државниот архив утре на протест
-
Украл куче па бегајќи го удрил сопственикот со возило
-
Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција
-
Меџити: Имаме забелешки за работата на Илире Даути, но не поддржуваме иницијативи од Левица