САД не ги охрабруваат украинските напади на руска територија
САД ниту ги охрабруваат, ниту даваат зелено светло за украинските напади на меѓународно признатата територија на Русија, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот.
Тој го изјави ова откако руското Министерство за одбрана соопшти дека собориле три украински беспилотни летала во обид да погодат цели во Москва.
- Останува на Украина да одлучи како да се одбрани од руската инвазија која започна во февруари минатата година, изјави портпаролот на Стејт департментот.
Тој додаде дека Русија може да стави крај на војната во секое време со повлекување од Украина.
Нападите со беспилотни летала длабоко во Русија се зголемени откако два дрона беа уништени над Кремљ на почетокот на мај. Овие напади против Москва зачестија во последните месеци.
Министрите за надворешни работи на Германија и Естонија вчера изјавија дека нападите со украински беспилотни летала во Русија не го прекршуваат меѓународното право.
-Русија ја нападна Украина, поради што Украина има право загарантирано со Повелбата на ОН да се брани, нагласи германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Ново на Сител
-
Попладне облачно со краткотраен пороен дожд
-
Поради неизгасната првомајска скара, изгореа куќа и штала
-
Кина: Коронавирусот можеби потекнува од САД
-
Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година
-
Муцунски - Шохеј Хара: Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава
-
Прегледани 745 апликации на јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија
-
Руски агент во Киев осуден на 15 години затвор за насочување напади во близина на Покровск
-
САД воведуваат казнени царини за мали пратки од Кина