САД најверојатно ќе се спротивстават на израелски контранапад

Неколку американски медиуми, помеѓу кои и „Си-ен-ен“ (CNN), „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) и Аксиос (Axios) објавија дека САД ќе се спротивстават на израелски контранапад.
„Аксиос“ тврди дека американскиот претседател Џо Бајден во телефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјавил дека САД се против израелски контранапад врз Иран.
Додека „Си-ен-ен“ и „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на високи американски претставници објавија дека Бајден му кажал на Нетанјаху дека САД нема да учествуваат во никаков израелски противнапад врз Иран.
Претходно, „Њујорк тајмс“ објави дека Бајден го одвратил Нетанјаху да одобри итен одмазднички напад против Иран, откако Техеран синоќа лансираше околу 300 нападни беспилотни летала и проектили врз Израел.
Според весникот, неколку членови на воениот кабинет на Израел биле за итен одговор, но поради што иранскиот напад не предизвикал сериозни штети, Нетанјаху бил разубеден од Бајден.
Во меѓувреме, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека САД ќе продолжат да му помагаат на Израел да се одбрани, но оти не сакаат војна со Иран“
- Не бараме ескалација на тензиите во регионот. Не бараме поширок конфликт, посочи Кирби за „Еј-би-си њуз“ (ABC News).
Во тек е средбата на Воениот кабинет со кој претседава Нетанјаху на која ќе се донесе одлука за понатамошните чекори.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
