САД: Му се насмевна среќата на дедото кој продаваше сладолед за да преживее
Добрите луѓе од целиот свет собраа 115.000 долари за 89-годишен дедо, кого жителите на Литл Вилиџ во Чикаго го гледаа секој ден како ја влече количка со сладолед.
Подгрбавен, дедото Фиденцио Санчез секое утро одел „на работа“ во исто време. Од тоа го прехранувал семејството. И покрај тешката ситуација и лошата здравствена состојба, никогаш не просел.
Џоел Сервантес Масиас рече дека неговото срце се скршило кога го видел тоа, бидејќи луѓето во тие години би требало да уживаат во пензијата. Тој го фотографираше и го постави на Фејсбук: Јас го почитувам овој човек најмногу. Пред да оди дома, Масиас купил 20 палети од него и му платил 50 долари.
Откако фотографијата ја виделе стотици луѓе одлучил да започне кампања преку Gofundme страницата и со помош на пријателите и добрите луѓе собрани се 115.000 долари.
Дедото Санчез со години продавал сладолед и заработувал максимално 60 долари дневно. Иако пред два месеци отиде во пензија, тој морал да се врати на работа затоа што едната ќерка му починала, а сопругата се разболела.
Тој беше пресреќен и длабоко трогнат од донацијата. Тој се заблагодари на сите и рече дека сепак ќе продолжи да работи. Дел од парите тој планира да ги донира на црквите во Мексико, да плати сметки и остатокот да го подели со внуците.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци