САД ќе воведат нови санкции за Русија и Кина
САД планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, што ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата на ирански беспилотни летала во војната против Украина, изјавија двајца американски претставници.
Според нив, санкции ќе има и за Кина поради, како што тврди Вашингтон, нелегалниот риболов на Пацификот, додека расте загриженоста за евентуалниот кинески прекумерен риболов и ширењето на кинеското влијание на море.
Повеќето од санкциите, објавени од весникот „Вол стрит Џурнал”, ќе бидат наметнати според таканаречениот глобален „закон Магнитски” од 2016 година, што на американската Влада и дозволува воведување санкции за странски владини претставници за кои се смета дека ги кршат човековите права, замрзнувајќи ги нивните средства и им забранува влез во САД.
САД го осудија извозот на ирански воени беспилотни летала во Русија, која ги користи во својата војна против Украина, а санкциите се очекува да погодат некои лица вклучени во руската воена индустрија и поврзани со снабдувањето со ирански беспилотни летала за Русија, изјавија официјални лица.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола