САД ќе издадат монета од еден долар со ликот на Доналд Трамп

Американската ковница ќе издаде во оптек серија пригодни монети од еден долар со ликот на претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод 250-годишнината од основањето на Соединетите Американски Држави, соопшти министерот за финансии Скот Бесент.
На предната страна од монетите ќе биде прикажан ликот на Трамп, заедно со натписите „Liberty“, „In God We Trust“ и „1776–2026“, додека на задната страна ќе биде белоглавиот орел од претседателскиот печат.
„Ми дадоа монета. Колку што разбирам, тоа е многу невообичаено“, изјави Трамп во интервју за „Фокс Бизнис“, додавајќи дека за него е голема чест што неговиот лик ќе се најде на американска монета.
Одлуката наиде на критики поради законските ограничувања за прикажување живи личности на американски пари. Критичарите се повикаа на закон од 1866 година, но тој се однесува на банкнотите, додека монетите ги произведува Американската ковница.
Во 2020 година Конгресот усвои закон со кој му овозможи на министерот за финансии да издаде пригодни монети од еден долар по повод 250-годишнината од САД, но со изречна забрана на нив да не смее да се прикажува жива личност.
Министерот Бесент сепак најде оправдување, посочувајќи дека претседателот Калвин Кулиџ бил прикажан на монета по повод 150-годишнината од основањето на САД.
МИА
Ново на Сител
-

Каде е најевтино да го наполните резервоарот на Балканот?
-

Тема на денот со Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во ИЈЗ
-

Расте бројот на заразени со западно-нилска треска
-

Нова бактерија во водоводната мрежа во Гостивар, најави за питка вода се уште нема
-

ДКСК го оспорува предлог-законот за „Скопје – Европска престолнина на културата“
-

Цената на суровата нафта расте – Мицкоски очекува горивата да паднат во понеделник
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
