-->
-->
САД ќе инвестираат во нуклеарни реактори
-->
САД ќе обезбедат шест милијарди долари за поддршка на комерцијални нуклеарни централи, каде постои закана од затворање поради финансиски тешкотии.
Ваквиот потег, како што тврдат неименувани извори, е диктиран од потребата да се продолжи со користење на нуклеарната енергија. Затоа што таа не испушта јаглерод диоксид и помага во борбата против климатските промени.
Сопствениците на таквите нуклеарни централи може да аплицираат за дополнително владино финансирање.
Сега има 55 нуклеарни централи во 28 американски сојузни држави. Вкупниот број на реактори кои работат е 93. Голем дел од нив се изградени пред 1990 година, а нивното одржување, од неодамна стана многу скапо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци