САД ја предупредија Кина дека ќе сноси сериозни последици доколку испорача оружје за Русија
САД ја предупреди Кина дека ќе сноси сериозни последици доколку обезбеди оружје за руската инвазија врз Украина.
Вашингтон и сојузниците во НАТО се обидуваат да ја одвратат Кина од воена помош за Москва, бидејќи се сомневаат дека Пекинг размислува да обезбеди оружје, вклучително и беспилотни летала.
-Пекинг ќе мора да донесе одлуки за тоа како да продолжи, дали ќе обезбеди воена помош, но ако оди по тој пат, ќе ја плати цената, изјави за Си-Ен-Ен советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Тој кажа дека Кина „од масата“ се уште не ја тргнала опцијата за испраќање оружје.
Приказните за наводната вмешаност на Кина доаѓаат по првата годишнина од војната во Украина и пред подготовките на официјален Киев за контраофанзива со новото западно оружје, што се очекува да пристигне, пишува Гласот на Америка.
Пекинг одбива да го осуди нападот на Москва врз Украина, а последен пат тоа беше и во саботата, на состанокот на Г-20 во Индија.
Кина го објави својот предлог за прекин на огнот во петокот, минатата недела, на првата годишнина од војната во Украина, но понудата не беше поддржана од сојузниците на Киев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
