САД ја блокираа изјавата во СБ на ОН со која Израел се обвинува за смртта на Палестинците во Газа
САД ноќеска ја блокираа изјавата на Советот за безбедност на ОН, предложена од Алжир и поддржана од арапските земји, со која се посочува дека израелските сили се одговорни за отворање оган врз Палестинците кои чекале да им се достави храна и друга хуманитарна помош во близина на градот Газа и за убиство на повеќе од 100 луѓе.
Палестинскиот амбасадор во ОН, Ријад Мансур, по вонредната затворена седница на Советот за безбедност на ОН изјави дека 14 од 15 членки на Советот за безбедност ја поддржале изјавата, пренесуваат американските медиуми.
САД не ја поддржаа изјавата, а заменик американскиот амбасадор во ОН, Роберт Вуд, запрашан зошто САД донеле таква одлука, одговори дека не се познати сите факти за инцидентот.
Вуд додаде дека има спротивставени извештаи и дека САД се обидуваат да ги соберат сите факти, вклучително и „околностите околу тоа како загинале луѓето“.
Според него, дипломатите работат „за да видат дали може да се најде нешто за што сите можат да се согласат“.
Канцеларијата за медиуми на Палестинската управа во Газа, што е под контрола на Хамас, вчера објави дека 112 Палестинци загинале, а 700 други се ранети во израелските воени напади додека чекале камиони со помош во градот Газа.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш