Loading Video...
Свет
30. March 2025 - 16:36

Преглед на вестите од светот

Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Мјанмар се искачи на над 1.700, а стотици се водат за исчезнати. Стравувањата на експертите се дека бројот на загинати би можел да надмине и 10.000.

Во земјата постојано пристигнуваат странски експертски тимови за спасување во обид да се пронајдат што е можно повеќе преживеани под урнатините. 

Економските и инфраструктурните загуби се огромни и би можеле да го надминат годишното економско производство на земјата. 

Дополнителен проблем за Мјанмар е што пристигнува монсунската сезона и тоа мое да предизвика уште поголеми разурнувања.

И во соседниот Тајланд расте бројот на загинати. Таму досега потврдени се 17 мртви, а над 83 се водат за исчезнати. 

Хамас се согласи за прекин на огнот во Газа –предлог кој пред два дена Организацијата го доби од посредници од Катар и Египет. Предлогот би значел Хамас да ослободи пет израелски заложници секоја недела. Безбедносни извори за Ројтерс кажале дека Египет добил позитивни индикации од Израел за новиот предлог на прекин на огнот. 

Но сигналите од Израел не се ветувачки. Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети уништување на Хамас за да обезбеди ослободување на заложниците. Трди дека воениот притисок дава резултат.

-Воениот притисок функционира. Дава резултат бидејќи работи истовремено: од една страна ги уништува воените и владините капацитети на Хамас, а од друга страна создава услови за ослободување на нашите заложници. Токму тоа го правиме, рече Нетанјаху. 

Нетанјаху вели дека Израел е подготвен и сака да влезе во втората фаза за прекин на војната. За него прифатливо е Хамас да се разоружа, лидерите на Организацијата да ја напуштат Газа, а Тел а Вив да стане гарант за безбедноста во Појасот.

Босна и Херцеговина се уште се бори со големите поплави. Состојбата е алармантна во некои региони. Во Приједор евакуарани се 145 луѓе, а 800 објекти се под вода. Сепак, водостојот на Реката Сана која се изли почна да се намалува. 

Според локалните власти, нов проблем се подземните води кои почнале да се појавуваат на места кадешто ги немало досега. 

Состојбата во Врбас Врбања и Бања Лука полека се стабилизира бидејќи реките почнаа да се повлекуваат.

Србија нема да добие преодна Влада. Премиерот Милош Вучевиќ вели дека очекува нова влада наскоро, но тоа ќе биде, како што рече, српска влада и нема да биде преодна, туку на граѓаните на Србија. 

Четворица студенти добија кривична пријава. Пријавата ја поднел Вучевиќ против студенти кои блокираат заради доведување на јавноста во заблуда, вознемирување на јавноста. 

Србија се наоѓа во ќорсокак по протестите и блокадите кои дојдоа како резултат на големата несреќа во Нови Сад каде загинаа 16 луѓе по пад на настрешница на железничката станица.