САД и се закануваат со санкции на Турција поради руските С-400
Купувањето на систем за противвоздушна одбрана С-400 од Русија, може да ја соочи Турција со санкции во согласност со американскиот Закон за спротивставување на противниците на Америка преку санкции (ЦААТСА), се наведува во писмената изјава на помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел, подготвена за сослушувањето во Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.
Според Мичел, турската одлука за купување на руските систем за противвоздушна одбрана С-400, може да доведе до воведување санкции од страна на САД кон Турција согласно член 231 на ЦААТСА, но и да се одрази негативно на учеството на Анкара во програмата за набавка на американски борбени авиони Ф-35.
Рускиот претседател Владимир Путин неодамна најави дека Русија решила да ја забрза испораката на системите С-400 на Турција.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 9 април пак изјави дека Турција нема да се откаже од купувањето на системите С-400 од Русија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори