-->
-->
САД и продаваат артилјерија на Саудиска Арабија во вредност од 1,3 милијарди долари
-->
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе одобри продажба на артилјерија на Саудиска Арабија во вредност од 1,3 милијарди долари.
Стејт департментот соопшти дека администрацијата му порачала на Конгресот да планира да ја одобри продажбата, а конгресмените ќе имаат 30 дена да дејствуваат доколку сакаат да ја спречат продажбата.
Продажбата вклучува 180 хаубици „Паладин“ со калибар од 155 милиметри.
Продажбата на тие хаубици нема да ја промени воената рамнотежа на Блискиот исток, истакна Пентагон.
САД до сега потпишале договори за продажба на оружје на Саудиска Арабија вредни околу 2,3 милијарди долари, откако принцот Мухамед бин Салман пристигна во Америка минатиот месец.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Клиниката за хируршки болести доби донација од специјални колички - Најавена донација за Ургентен центар
-
АХВ уништи 56 тони небезбедна храна годинава
-
Отворено реновираното одделение за управни работи во зградата на МРТВ
-
За 200 евра е зголемена платата на директорот на дирекцијата за заштита и спасување, вели ССМ
-
Царинската управа во мај наплати приходи од 177,3 милиони евра - 7,3% повеќе од лани истиот период
-
Заврши учебната година - Учениците на летен распуст
-
Креиран првиот дрон во Македонија специјализиран да гасне пожари
-
Гужви за влез во Охрид поради градежни работи кај Подмоље